Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

74 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Некои луѓе или ќе престанат да го оставаат петочниот намаз, или Аллах ќе им ги запечати срцата – па ќе станат од небрежните.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Го гледав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како го предава селамот на десната и на левата страна, сè додека не ја здогледав белината на неговиот образ.“
Автентичен Го бележи Муслим
Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој бил на минберот: „Што мислиш за ноќниот намаз?“ Тој одговорил: „Два по два (реката). А кога ќе се уплаши од настапувањето на сабахот, нека клања еден рекат – кој ќе му биде витр (непарен) на она што го има клањано.“ И навистина, тој, салаллаху алејхи ве селем, знаел да каже: „Витрот нека биде последен од вашиот намаз во текот на ноќта,“ – Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го наредил тоа.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив. Кога би знаеле колкава е вредноста на раното доаѓање на намаз – ќе се натпреваруваа кој прв ќе стигне. А кога би знаеле што се крие во наградата за јацискиот и сабахскиот намаз – ќе доаѓаа на нив дури и ползејќи.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Наредено ми е да направам сеџда со седум делови од телото: челото – и покажа со раката кон носот, дланките, колената и врвовите на стапалата. Исто така, ми беше наредено притоа да не ги собирам алиштата и косата.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Некои луѓе дојдоа кај Сахл ибн Сад ес-Саидиј и се расправаа за тоа од какво дрво бил изработен минберот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селeм. Па го прашаа за тоа, а тој им рече: „Се колнам во Аллах, јас точно знам од што беше направен. Го видов уште првиот ден кога беше поставен, и првиот ден кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, седна на него. Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, испрати човек кај една жена од енсариите — Сахл, ја спомна по име — и ѝ порача: ,Нареди му на твојот слуга, кој е столар, да ми изработи неколку дрвени скалила на кои ќе седнувам кога ќе им се обраќам на луѓето.‘ Па таа му нареди, и тој ги направи од дрво на тарфа (еден вид на пустинско дрво кое расте во областа Ел-Габа). Потоа ги донесе, па ги испрати до Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Тогаш тој нареди тие да се постават овде. Јас го видов Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како клањаше додека стоеше на нив, па го изговори текбирот, потоа се наведна на руку додека стоеше на нив. Потоа слезе враќајќи се наназад (без да се врти) и падна на сеџда под минберот. Потоа се врати на него. Кога го заврши намазот, се сврте кон луѓето и рече: ,О луѓе! Ова го направив за да ме следите (во намазот) и да учите од мене како се извршува намазот.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Помеѓу двата езана има намаз, помеѓу двата езана има намаз.‘ А при третото повторување, додал: ,За оној кој сака.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“ Потоа Ебу Хурејре рекол: „Цитирајте, ако сакате: ,И намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.‘“ (Ел Исра, 78)
Автентичен Муттефекун алејхи