Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

52 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

Пратеникот ﷺ изговарал текбир (Аллаху Екбер) во секој намаз — било задолжителен или доброволен, во рамазан и надвор од него. Велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе станеше за намаз, потоа „Аллаху Екбер“ кога ќе се поклонуваше (на руку), потоа велеше: „Сами‘а-ллаху лимен хамидех“ (Аллах го слуша оној што Го фали), па: „Раббенаа ве лекел-хамд“ (Господару наш, Тебе Ти припаѓа пофалбата) — пред да падне ничкум на сеџда. Потоа велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе се наведнеше за сеџда, потоа „Аллаху Екбер“ кога ќе ја подигнеше главата од сеџда, па повторно „Аллаху Екбар“ кога ќе отидеше на втора сеџда, и пак „Аллаху Екбер“ кога ќе се застанеше на нозе по неа. Исто така, велеше „Аллаху Екбер“ кога ќе станеше од седењето по вториот рекат. Тоа го правеше во секој рекат, сè додека не го завршеше намазот. А потоа, откако ќе завршеше, велеше: „И се колнам во Оној во Чија рака е мојата душа, навистина јас сум најсличен во својот намаз на намазот на Пратеникот ﷺ. Ваков беше неговиот намаз сè додека не замина од овој свет.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Нема намаз оној кој не ја изговорил (сурата) Ел Фатиха.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Исламот се темели врз пет (столба): сведоштвото дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето на намазот, давањето зекат, постот на месецот рамазан и аџилакот.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Додека бевме во џамијата со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, влезе еден бедуин и почна да мокри во неа. Асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, извикаа: ,Престани! Престани!‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им рече: ,Не го прекинувајте, оставете го.‘ Така го оставија додека заврши. Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повика и му рече: ,Овие џамии не се место за вакви работи – за уринирање или нечистотии – туку се изградени за спомнување на Возвишениот Аллах, за намаз и за учење на Куранот.‘ Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, нареди еден од присутните да донесе кофа со вода и ја истури врз тоа место.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кога оној што поминува пред клањачот би знаел каква казна го чека, би му било подраго да стои четириесет отколку да помине пред него.“ Ебу ен-Недр рекол: „Не знам дали рекол: четириесет дена, месеци, или години.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој од вас доаѓа на џума-намаз, нека се избања.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Еден човек влезе во џамијата во петок, од вратата што беше спроти куќата на судството, а Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба. Човекот се сврте кон Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоејќи, и рече: „О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да ни испрати дожд.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете и рече: „О, Аллах, испрати ни дожд! О, Аллах, испрати ни дожд! О, Аллах, испрати ни дожд!“ Енес рече: „Се колнам во Аллах, не видовме на небото ниту облак ниту малечко парче облак, и меѓу нас и планината Салʿ немаше ни куќа ни живеалиште. Тогаш се појави зад неа облак како штит; кога стигна на средината на небото се рашири, па заврна дожд. Се колнам во Аллах, не го видовме сонцето шест дена. Потоа, еден човек влезе од истата врата во петок, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба, и му рече стоејќи: „О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да го запре дождот од нас.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги крена рацете и рече: „О, Аллах, околу нас, а не врз нас. О, Аллах, по ридовите и високите предели, низ долините и местата каде растат дрвјата.“ Па веднаш престана дождот, и излеговме одејќи под сонцето. Шерик рече: „Го прашав Енес бин Малик: ,Дали тоа беше истиот човек од првиот пат?’ Тој рече: Не знам.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги кревал рацете до висината на рамениците кога ќе го започнел намазот, и кога ќе изговорел текбир при преминување на руку и кога ќе ја кренел главата од руку, исто така ги кревал рацете на истиот начин. Потоа велел: „Семиаллаху лимен хамидех, раббена ве лекел хамд.“ Но, тоа не го правел при извршувањето на сеџда.
Автентичен Муттефекун алејхи