Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

41 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Мушриците ни рекоа: ,Гледаме дека вашиот другар (Пратеникот) ве поучува на сè – дури и на правилата за вршење нужда.’ Тој одговори: ,Да, ни забрани некој од нас да се чисти со десната рака, или да биде свртен кон Киблата, и ни забрани чистење со измет и коски. И рече: „Никој од вас нека не се чисти со помалку од три камчиња.”’
Автентичен Го бележи Муслим
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се разбудел од спиење веднаш ги чистел забите со мисвак .“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Скратете ги мустаќите и пуштајте ги брадите.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Бев присутен кога Амр бин Ебу Хасан го прашал Абдулах бин Зејд како Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, земал абдест. Абдулах бин Зејд побарал сад, па земал абдест на начинот на кој Пратеникот тоа го правел. Ја наведнал чинијата со вода преку рацете и ги измил трипати. Потоа ја ставил раката во садот и трипати со едната рака ги исплакнал устата и носот. Потоа ја ставил раката во садот и трипати го измил лицето. Повторно ја ставил раката во садот и двапати ги измил рацете до зад лактите. Потоа ја ставил раката во садот и ги триел предниот и задниот дел од главата. Потоа ги измил стапалата до над глуждовите.
Автентичен Муттефекун алејхи
„Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ме испрати да завршам некоја работа. Станав џунуб и бидејќи немав вода, легнав на земјата и се тркалав како што го прави тоа животното. Кога се вратив, му раскажав на Аллаховиот пратеник, што направив, а тој ми рече: ,Доволно ќе беше да ја допреш земјата вака.‘ и со дланките ја допре еднаш земјата, а потоа со левата дланка ја триеше десната, внатрешнитеи надворешните делови на дланките и на крајот го протри лицето.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,Имам постојано протекување на крв и не можам да се исчистам, дали да го оставам намазот?‘ Тој одговори: ,Не, тоа е крв од капиларите. Немој да го клањаш намазот онолку денови (во месецот) колку што вообичаено ти трае менструацијата, а потоа избањај се и клањај!‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Бев заедно со веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, кога пристигнавме до местото каде што луѓето го фрлаа отпадот. Тој изврши мала нужда стоејќи, па јас се оддалечив. Тогаш тој ми рече: ,Приближи се!‘ Јас се приближив и застанав до неговите пети. Потоа зеде абдест и со влажни дланки (месх) помина врз своите местви (обувки од кожа).“
Автентичен Муттефекун алејхи
,Нема муслиман што ќе земе абдест темелно, а потоа ќе клања два рекатa со целосна посветеност на срцето и лицето, а Џенетот да не му биде задолжителен.‘ Тогаш реков: ,Колку е прекрасен овој говор!‘ Но некој пред мене рече: ,Претходниот говор беше уште попрекрасен.‘ Кога погледнав, го видов Омер, кој ми рече: ,Те видов дека штотуку дојде.‘ И продолжи: ,Нема ниту еден од вас што ќе земе абдест темелно и потполно, а потоа ќе изговори: Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник – а да не му се отворат осумте врати на Џенетот, за да може да влезе низ која сака.‘“
Автентичен Го бележи Муслим