Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

4 од 841 картички

Исчисти филтри

Степен на хадисот

„Возвишениот Аллах рекол: Го поделив намазот (Сура ел-Фатиха) помеѓу Мене и мојот роб на два дела, и на Мојот роб му припаѓа она што ќе го побара. Па кога робот ќе рече: (ЕЛХАМДУ ЛИЛЛАХИ РАББИЛ ‘АЛЕМИН) - (Секоја благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите), Возвишениот Аллах вели: „Ми се заблагодари Мојот роб.“ Кога ќе рече: (ЕР-РАХМАНИР-РАХИМ), (Семилостив, Милостивиот) Аллах вели: „Мојот роб Ми искажа пофалби.“ Кога ќе рече: (МАЛИКИ ЈЕВМИД-ДИН), (Владетелот на Судниот ден) Возвишениот Аллах вели: „Мојот роб Ме возвелича.“ Исто така рекол: „Мојот роб целосно Ми ги довери сите негови работи.“ Кога ќе рече: (ИЈЈАКЕ НА‘БУДУ ВЕ ИЈЈАКЕ НЕСТЕ‘ИН), (Ние само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме), Возвишениот Аллах вели: „Ова е помеѓу Мене и Мојот роб, и на Мојот роб му припаѓа она што ќе го побара.“ А кога ќе рече: (ИХДИНАС-СИРАТАЛ МУСТЕКИМ, СИРАТАЛ-ЛЕЗИНЕ ЕН‘АМТЕ АЛЕЈХИМ, ГАЈРИЛ МАГДУБИ АЛЕЈХИМ ВЕЛЕД-ДААЛЛИН}, (Упати нѐ на Вистинскиот пат. На патот на оние на кои им ја подари Твојата благодат, а не на патот на оние врз коишто гневот Свој го разлеа, ниту патот на оние што во заблуда скршнаа) Возвишениот Аллах вели: „Ова е за Мојот роб, и на Мојот роб му припаѓа она што го бара.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Не претворувајте ги вашите куќи гробишта, навистина, шејтанот бега од куќата во која се рецитира сурата Бекаре.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат. Но тоа е времето кога: „...некои предзнаци од Господарот твој ќе дојдат, на ниту еден човек нема да му биде од корист тоа што тогаш ќе верува, ако претходно не верувал или ако не сторил, како верник, некакво добро." (Ел Енам, 158) Часот ќе настапи, а двајца мажи ќе ги изложат своите алишта за купопродажба, но нема да успеат ниту да ги продадат ниту повторно да ги земат. Часот ќе настапи и човекот ќе се враќа со млеко од својата камила, но нема да успее да се напие. Часот ќе настапи и човек го поправа својот базен, но нема да успее да го наполни со вода. Часот ќе настапи додека човек ќе ја подигне својата храна до устата, но нема да стигне да ја изеде.“
Автентичен Муттефекун алејхи
Кога му беше објавен на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ајетот: „Аллахово е сè што е на небесата и на Земјата! Го покажувале вие тоа што е во душите ваши или го криеле, Аллах за тоа ќе ве праша, па ќе му прости на тој што сака, а ќе го казни тој што сака! Аллах е Семоќниот.“ (Ел-Бакаре, 284) Тоа многу им падна тешко на асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Па дојдоа кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, паднаа на колена и рекоа: „О, Божји пратенику, ние сме задолжени со дела колку што можеме да поднесеме – намаз, пост, џихад и садака. Но тебе ти е објавен овој ајет, а ние не можеме да го поднесеме.“ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Зарем сакате да кажете како што рекоа следбениците на двете Книги пред вас: ‚Слушнавме и не се покороруваме‘? Наместо тоа, кажете: ‚Слушнавме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе ти се вратиме.'" Тие рекоа: „Слушнавме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе ти се вратиме.“ Кога тоа го изрекоа и нивните јазици се смирија со тоа, Аллах објави по него: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: „Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови“. И велат: „Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.'" (Ел-Бакара, 285) И кога тоа го направија, Аллах го укина тоа што им беше тешко и објави: „Аллах никого не оптоварува преку неговите можности; во негова корист е доброто кое го стекнал, а на негова штета е злото кое го стекнал ,Господару наш, не казнувај нè ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме!'" (Ел-Бакаре, 286) – Тој рече: „Да.“ „Господару наш, не товари нè со товарот кој си им го натоварил на тие пред нас!“ (Ел-Бакаре, 286) – Тој рече: „Да.“ „Господару наш, не оптоварувај нè со тоа за кое немаме сила!“ (Ел-Бакаре, 286) – Тој рече: „Да.“ „Избриши ни ги гревовите наши, прости ни и смилувај ни се! Ти си нашиот Господар, па помогни ни против народот кој не верува!“ (Ел-Бакара, 286) – Тој рече: „Да.“
Автентичен Го бележи Муслим